Не личат на себе!

popara21 јули, 20113min00
nelichatnaslovna

Ова е второто продолжение од познатите кои навистина се промениле со годините. Погледнете ги следните десет холивудски ѕвезди кои нажалост ја изгубиле убавината и харизмата која некогаш ја имале.

Ферги

Ова е жешката Ферги, која некогаш важеше за секс симбол. Прогласена е и за најубава жена, најпровокативна… но, убавиот и младешки изглед не може да го задржиме засекогаш. Сега Ферги изгледа поинаку.

 

Киану Ривс

Актерот кој важеше за еден од најпоскауваните во 90-те. Неговиот привлечен и убав изглед се замени со изглед кој не доликува на еден 46 годишен маж.

 

Џенет Џексон

Џенет е помалата сестра на Мајкл Џексон, која во 90-те изгледаше преубаво. Сега поп ѕвездата се бори со своите килограми. Таа е една од оние кои има постојан проблем со јо-јо ефектот од диетите.

 

Џејмс МекАвој

Актерот од филмот “Последниот Шкотски Крал” во 2006 година беше забележан како еден од најдобрите актери. Во 2007-та година постигна уште еден голем филмски успех со улогата во “Нарнија”. Но, тој изглед многу брзо го промени 31 годишниот актер. Навистина не личи дека има само 31 година.

 

Шон Пен

Во 80-те и 90-те Шон Пен важеше за еден од најжешките актери. Тој во тој период беше во брак со кралицата на поп музиката Мадона. Со неа беше во брак од 85-та до 89-та година. И еве го оскаровецот како изгледа сега, навистина годините го направиле своето, но тој не престана да ги освојува женските срца.

 

Кејт Мос

Се сеќавате ли на моделот Кејт Мос на рекламите за Келвин Клајн во 1992 година? Младата Кејт Мос која изгледаше преубаво. Со својот изглед таа постигна многу, беше една од најбараните модели во 90-те. Вака изгледа Кејт Мос сега. Нејзиниот шарм го згаснаа огромната количина на дрога и алкохол.

 

Дон Џонсон

Ова е ѕвездата на 80-те. Еден од најпосакуваните актери во тоа време. Одлично мускулесто тело, шармантен и синоок маж кој секоја жена го посакуваше. Сега тој има 60 години. Сеуште ја има долгата коса, но таа не го дава истиот ефект.

 

Мадона

Во 80-те Мадона беше една од најактуелните пејачки, кои успеаа да го наметнат својот стил на сите останати. Иако таа немаше изглед на супермодел сепак важеше за една од пејачките кои изгледаат секси. Еве ја сега Мадона. Таа има 52 години, безброј хируршки корекции, но сепак не е она што некогаш беше…

 

Линда Хамилтон

Линда се прослави со својата улога во “Терминатор”. Таа во 90-та беше прогласена за една од 50-те најубави жени. 53 годишната Линда сега се има навистина запуштено. Ова е фотографија направена од папараци, каде таа нема ниту шминка ниту е облечена во скапа тоалета, па може да видиме кои се вистинските промени.

 

Витни Хјустон

Витни Хјустон ги освои и мажите и жените пред се со своите вокални способности, а потоа и со улогата во филмот “Телохранител”. Сега таа не е ни приближно на она што беше. И кај неа не се годините единствениот виновник. Таа има долги години проблеми со дрогата, заради што често ги посетува центрите за рехабилитација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma