Никогаш не би помислиле дека ова е фустан! Кога Кејт Мидлтон ќе облече бело, тоа изгледа – БЕСПРЕКОРНО

24 септември, 2021
323368_kejt-midlton-kisobran-u-duginim-bojama-lila-haljina-profimedia0616518357_ff

Летната пауза на Кејт Мидлтон официјално заврши! По венчавката на нејзиниот брат Џејмс Мидлтон и Елиза Тевент во Франција, Кејт се врати на своите должности.

Таа тргна со своите кралски ангажмани, војвотката е незапирлива, а последната во ред беше во Бакингемската палата. Како што знаеме дека модниот избор на Кејт е секогаш беспрекорен, а сега таа не убеди дека речиси никогаш не греши.

foto: Profimedia

Таа пристигна во Бакингемската палата облечена целосно во бело и доста елегантно. Треба да се напомене дека за време на пандемијата, Кејт започна натпревар за фотографија, кој заврши со бестселер книга, и за да го прослави успехот на овој проект, Кејт се најде во улога на домаќинка во палатата.

Стајлингот за оваа пригода беше совршен: таа носеше бел миди фустан, кој на прв поглед изгледа како комбинација од плисирано здолниште од тантела и јакна со струк.

Сепак, станува збор за креација потпишана од брендот Self Portrait и може да се најде во слободна продажба по цена од 570 долари.

escort - Korsan taksi