6 причини зошто да спиете на ЛЕВАТА СТРАНА

popara17 октомври, 20211min0
170741_pexels-ketut-subiyanto-4473864_f

Правилно функционирање на органите за време на спиењето ќе се воспостави ако лежите на левата страна. Истражувањата покажаа дека спиењето на левата страна не е мит, туку вистина што може да влијае на целокупното здравје на организмот. Ова се причините зошто треба да спиете исклучиво на левата страна.

1. Слезината работи подобро

Слезината е најголемиот орган во лимфниот систем и се наоѓа на левата страна на телото. Кога спиете на левата страна, слезината работи подобро и поефикасно. Главната причина за тоа е гравитацијата, која го стимулира протокот на крв во слезината и на тој начин овозможува побрзо да ги филтрира нечистотиите.

2. Го забрзува чистењето на телото

Врската помеѓу тенкото и дебелото црево се наоѓа на левата страна на телото, така што, како и кај слезината, гравитацијата помага во нивната работа. Така спиењето на левата страна на телото го олеснува транспортот на отпад од тенкото до дебелото црево. На тој начин, сѐ што треба да излезе од телото преку дебелото црево, ќе излезе побрзо.

3. Ја подобрува функцијата на лимфниот систем

Лимфната течност извршува клучни задачи во борбата против инфекциите и го ослободува телото од токсини и други штетни материи. Лимфниот систем е претежно лоциран на левата страна. Минувајќи низ телото, лимфната течност носи токсини со себе и ги прочистува лимфните јазли на својот пат.

4. Намалување на горушица

Спиењето во погрешна положба може да доведе до враќање на желудочната киселина во хранопроводот, предизвикувајќи горушица и други проблеми, меѓутоа, тоа не се случува на левата страна. Истражувањата покажаа дека спиењето на десната страна предизвикува повисоко ниво на киселина и зголемена фреквенција на оксидација во споредба со спиењето на левата страна. Во оваа позиција, вашиот стомак ќе се наоѓа под срцевиот сфинктер, прстенест мускул сместен помеѓу хранопроводот и желудникот, а неговата задача е да го запре враќањето на содржината од желудникот во хранопроводот.

5. Му помага на црниот дроб да не се преоптоварува

Бидејќи црниот дроб се наоѓа на десната страна на телото, лежењето на десната страна може да создаде притисок врз тој орган. Затоа, ако спиете на левата страна, црниот дроб нема да биде преоптоварен со токсини и други штетни работи.

6. Добро е за работата на срцето

Левата страна на срцето прима крв од белите дробови и ја пумпа понатаму во телото. Затоа спиењето на левата страна може да му помогне на срцето полесно и поефикасно да ја работи својата работа. Кога спиете на левата страна, гравитацијата ја олеснува работата на циркулирачкиот состав, особено во аортата и долната шуплива вена – големата вена лоцирана на десната страна на ‘рбетот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma