Заменете ги индустриските детергенти за перење со оваа природна варијанта.
Познато е дека поради многуте хемикалии што ги содржат, индустриските детергенти можат да предизвикаат алергии на кожата.
Иако на пазарот постојат специјални производи за чувствителна кожа, предлагаме да направите свој хипоалергенски прашок дома – секако дека е поздрава, но и поекономична опција.
Потребни ви се само три состојки за овој домашен детергент, а ќе го направите за само неколку минути.
Состојки:
– органски сапун
– 3 чаши сода бикарбона
– 20 капки есенцијално масло (лаванда, чајно дрво, лимон)
Подготовка:
Изрендајте го органскиот сапун во сад и додадете ја сода бикарбоната. Потоа измешајте и додадете есенцијално масло по желба, и ако сакате, можете да искомбинирате повеќе масла. Потоа повторно добро измешајте и ставете во стаклена тегла со капак.
Благодарение на сода бикарбоната, дамките успешно ќе се отстранат, а поради природниот сапун, нема да има алергиски реакции на кожата. Друга добра страна на овој детергент е тоа што ќе го изберете мирисот што ви одговара – во зависност од тоа какво есенцијално масло сте додале.
Исто така, се препорачува да ставите помалку детергент од вообичаеното.