Ноне по оригиналната роденденската честитка – „срце од ајвар“, доби и торта па испрати порака: „Драги злобни луѓе, се надевам ќе се задавите малку од мојот сјај“

popara1 октомври, 20212min0
none

Некогашната македонска поп пејачка Нона Неделковска го прошета светот, но не благодарение на микрофонот и музиката како и повеќето нејзини (екс) колеги, туку благодарение на нејзината работа на брод.

Имено, Ноне можеби не е активна на музичката сцена, но е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии од местата каде се наоѓаат, а кои наликуваат на разгледници.

Претходната година кога фати пандемијата со коронавирусот, Ноне се врати во родниот Велес каде што беше додека траеше карантинот, но откако попуштија мерките, екс пејачката ги спакува куферите и замина на работа далеку од дома.

Таа неодамна имаше и убав повод славење односно својот роденден. Токму по тој повод на нејзиниот профил се нижеа голем број на честитки, како од нејзините пријатели, следбеници, таа и ја доби и најоригналната честитка од нејзината мајка која направи две срциња од ајвар, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок.

По оваа оригнална честитка и торта, Ноне на работното место за нејзиниот роденден и доби вистинска, мала, округла торта на која пишува:

„Среќен роденден принцезо Нона“. Фотографија од тортата таа сподели на социјалните мрежи, а во описот напиша:

„Драги злобни луѓе, се надевам дека малку ќе се задавите од мојот сјај“, напиша таа упатувајќи порака до хејтерите кои од другата страна на компјутерот, телефонот, секогаш знаат да напишат некој негативен коментар.

По тортата следуваше и јагодатката на торта, односно јагоди за македонската некогашна пејачка и чинија на која пишува „Happy birthday Nona“.

Инаку, Ноне наполни 35 години.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma