Се чини дека одамна отпеаната песна, химната на жените од Ширли Бејси е погрешна. Дијамнатите не се вечни, најтешкиот природен материјал на земјата испарува под изложеност на светлина, вистина или лага?
Научници откриле наводно дека дијамантите испаруваат под одредена изложеност на светлина. Дијамант бил поставен под интензивна светлина со пулсирачки UV-C, ултравиолетови зраци, а мали дупки на површината на дијамантот биле видливи по само неколку секунди.
Главниот истражувач Ричард Милдрен, од Macquarie Универзитетот за фотоника и истражувачки центар, изјавил: “Иако овој вид на светлина предизвикува испарување и е забелажно кај некои материјали, сега за прв пат се покажа и кај дијамантите“.
Стапката на губење маса во дијамантот паѓа со повисоки ниво на светлина, ни процесот понатаму продолжува со побавно темпо.
Но пред љубиелите на дијамантите да почнат да паничат, научникот вели дека стапката на испарување е мнгу мала и не е забележителна во нормални услови. Наодите не само што обезбедуваат индиции за долгорочна стабилност на дијамантите, исто така имаат широки импликации за идните истражувања.
Професорот Милдрен рекол: “ ова е многу практично откритие и сега ќе бараме начин како да го експлоатираме“. “Ако можеме да направиме структури во дијамантот кои ќе ни овозможат да ги контролираме позициите на светлината, тоа може да биде првиот чекор кон правењето на помали и поефикасни оптички уреди, како оние кои се користат кај квантините компјутери и ласерите со високи перформанси“.
Оваа студија била објавена во списанието Optical Materials Express.