Постојат многу индикации дека вече се работи на сценариото за филмот
Уште кога филмот „Џокер“ беше прикажан во кино салите, кружеа приказни дека може да добие продолжение.
Продолжението го навести самиот режисер Тод Филипс, а сега истото го стори и главниот актер, Хоакин Феникс. Тој во неодамнешното интервју за „Playlist“ изјави:
– Има некои работи што би можеле да ги направиме со овој лик, истражуваме понатаму. Но, дали навистина ќе го сториме тоа? Не знам.
Сепак, постојат многу индикации дека веќе се работи на сценариото за филмот, но се уште ништо не е официјално потврдено.
„Џокер“ пристигна во кино салите во 2019 година и заработи повеќе од милијарда долари на глобално ниво, поради што влезе во историјата како филм за луѓе над 18 години со најголема заработка во кино салите.
Феникс освои Оскар за оваа улога во категоријата за најдобар актер, па нема сомнение дека „Џокер 2“ би бил хит, пренесуваат медиумите.