Во една пештера во Германија биле пронајдени цртежи од камена доба на кои биле прикажани голи жени во еротки пози, а за кои археолозите веруваат дека биле користени во обредите за плодност. Цртежите биле откриени во пештера недалеку од Бамберг во Јужна Германија.
Се проценува дека цртежите се стари околу 12.000 години, што ги прави најстаро уметничко дело од камената доба на тло на Германија, се истакнува во студијата објавена во неделникот Die Zeit.
Археолозите навеле дека цртежите содржат шематски прикази на женското тело како и неидентификувани симболи. Ископувањата се се уште во тек и локалитетот е затворен за јавноста.
Засега најстарите праисториски цртежи се најдени во пештера во Франција (Chauvet Pont d’Arc), а создадени се пред повеќе од 30.000 години.