За неколку среќни знаци на Зодијакот, овој лунарен притисок ќе биде возбудлив и инспиративен.
Октомвриската полна крвава Месечина што го краси нашето небо на 20. октомври ќе биде во смелиот знак на Овен. Оваа смела енергија носи до индивидуалните знаци на Зодијакот подготвеност да ризикуваат. Ако сте меѓу нив, полната месечина што завршува во октомври 2021. година ќе има посебно влијание врз вас и ќе се чувствувате екстра бестрашно.
Полната месечина го означува крајот на лунарниот циклус и слично, во духовна смисла, оваа фаза го претставува крајот и времето кога емоциите се на врвот. Оваа полна Месечина кружи во гласниот и горд Овен, знак што не се плаши да ризикува кога сака нешто. За време на овој лунарен период, можете да очекувате да бидете инспирирани да ја кажете вашата лична вистина, затоа обидете се со возбудливи работи и останете цврсти во својата новооткриена самодоверба.
За неколку среќни знаци на Зодијакот, овој лунарен притисок ќе биде возбудлив и инспиративен.
Близнаци
Работите во вашиот социјален живот изгледаат ветувачки, што е одлично, имајќи предвид дека пријателствата ви значат многу.
„Близнаците ќе можат да ги слушаат проблемите на своите пријатели, без премногу да се вклучат во драмата, а исто така можат да дадат и корисни совети доколку некој ги праша. Всушност, постои потенцијал за Близнаците да ја пронајдат моќта на креативната инспирација едноставно гледајќи ги несреќите што другите ги претрпуваат за време на оваа полна Месечина“, вели познатиот астролог Маркард.
Се додека продолжите да играте медијатор и да бидете пријател што им е потребен на сите, непречено ќе пловите низ оваа полната Месечина. Низ емоциите ќе пливате како олимпиец.
Стрелец
За среќа, вие сте на прагот на креативно изобилство за време на овој лунарен период. Целата оваа енергија е во потрага по блаженство и наоѓање на она што ви носи задоволство.
„Со оглед на тоа што Овенот и Стрелецот играат добро заедно, многу е веројатно дека Стрелецот ќе најде обновено чувство за креативност, страст, а можеби дури ќе се оствари и низ нова романса“, вели Маркард.
Искористете ја оваа дополнителна сила што влева самодоверба и доверба и поминете ја оваа полна Месечина правејќи нешто креативно. И не заборавајте, љубовта може да биде и креативна уметност.
Водолија
Полната месечина во Овен ве инспирира да ја кажете својата вистина, особено сега кога Меркур, планетата на комуникацијата, е во директно движење. Природно сте стимулирани од интелектуални и лукави идеи и ќе ви биде полесно да ја искажете својата неконвенционалност за време на овој лунарен период.
„Водолиите можат да ги доживеат потребните промени во начинот на размислување за време на полната месечина, што ги прави поефикасни во комуникацијата. Исто така, може да се појават можности за патување, нудејќи ослободување од зголемената ментална активност“, вели Маркарт.
Искористете ја оваа полна Месечина за да ги реализирате вашите диви и необични идеи и можеби да го испланирате следното патување. По можност не сами.