Модниот comeback стана заштитен знак на Дуа Липа: Пеперутките!

popara21 октомври, 20211min0
profimedia-0638630228-e1634741876460-790x518 (1)

Кој очекуваше водечкиот моден тренд во 2020-тите да биде некоја верзија на sci-fi футуризмот, згреши, бидејќи владее модната носталгија. За модни референци, не гледаме далеку во минатото, бидејќи главниот хит во моментов е доцните 1990-ти и раните 2000-ти.

Актуелната поп-кралица Дуа Липа ги имитира своите колешки, па во согласност со духот на албумот Future Nostalgia, по примерот на Мараја Кери и Кристина Агилера од пред дваесет години, носи облека со нивниот омилен мотив – пеперутките.

Овој тренд го врати во март на доделувањето на Греми наградите во фустан на Версаче со светки, а пеперутките не беа само за на сцена, туку и за приватни собири, покажа со комбинации на дизајнерката Маша Попова и куќата на Блумарин.

Пеперутките слетаа на фармерки и топови, а бидејќи мотивот на пеперутка продефилираше низ целата колекција на Blumarine за пролет/лето 2022 година, и се појавува и во новата колекција на Шанел, овој тренд се чини дека ќе остане.

profimedia-0634387215

profimedia-0636982358

profimedia-0633914003

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma