Како што рече тиктокерoт, „неодамна неговата мајка конечно му признала дека Кијану е негов татко“.
Познатиот американски тиктеркер Дастин Тајлер тврди дека холивудскиот актер Кијану Ривс е неговиот татко.
Иако сличноста со актерот е очигледна, многумина не веруваат во приказната што ја објави на TikTok, а тоа е дека никогаш не го запознал својот татко, бидејќи мајка му му рекла дека починал.
Меѓутоа, како што рече, „неодамна, неговата мајка конечно му признала дека Кијану е неговиот татко“.
-Никогаш не реков дека татко ми ме оставил, туку дека мајка ми не му кажала дека е бремена кога раскинале – рекол Тиктокер, кој тврди дека Кијану му е татко и дека не очекува тој да го признае.
Холивудскиот актер не ги коментираше видеата што го преплавија Интернетот, а познато е дека е во врска со Александра Грант веќе една деценија.
Кијану пред 22 години доживеа трагедија кога неговата партнерка Џенифер Сајм предвреме го роди девојчето Ава Арчер Сајм Ривс, во осмиот месец од бременоста. Трагедијата силно ги погоди, па по неколку недели одлучија да се разделат.
Во април 2001 година, Џенифер загина во сообраќајна несреќа. Медиумите пишуваа дека таа во тој момент била под дејство на седативи кои и ги препишал нејзиниот лекар поради депресијата од која боледувала.