Ева Лонгорија во најелегантната боја: Актерката се прошета на црвениот тепих во комбинација со која не се греши (ФОТО)

popara22 октомври, 20211min0
337396eca70625abc3b5c197758f37f3607d3d97

Доволно е да се каже гламур и да се опише можеби еден од најдобрите стајлинзи на актерката Ева Лонгорија.

На почетокот на неделата, Ева присуствуваше на настан посветен на жените во Лос Анџелес, организиран од магазинот „Elle“.

Актерката од „Очајни домаќинки“ воодушеви во дрн костум од брендот Ралф Лорен,

Таа направи комбинација од свилено сако и панталони. Костумите се еден од водечките трендови оваа година кога станува збор за постигнување елегантен изглед, а Ева дефинитивно успеа во тоа.

Ги спари широките панталони чија должина ги покрива чевлите со сако во ист тон, со подебел црн ремен околу половината, со кој направи фигура на песочен часовник.

Лонгорија постигна дополнителна нота на грациозност со правата коса навлечена на страна, нагласувајќи ги цртите на лицето и накитот.

Ден претходно, актерката беше видена на плажа во Мексико, каде мирно го поминуваше своето семејно време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma