ПРОМЕНЕТЕ ГИ ЛОШИТЕ НАВИКИ: Доволна ПРИЧИНА да престанете да го бришете лицето со ПЕШКИР

popara24 октомври, 20211min0
Screenshot 2021-10-24 135415

Повеќето жени по миењето го бришат лицето со крпа, а експертите советуваат да престанеме со оваа навика.

Експертите за убавина откриваат дека по миењето треба да престанете да го бришете лицето со крпа. Причината е хидратацијата. Со задржување на влагата на вашата кожа, можете да ја зголемите ефикасноста на секој производ што го користите по чистењето на лицето. Крпите не само што ја отстрануваат влагата, туку и отвораат можност бактериите од крпата да предизвикаат мали воспаленија и мозолчиња

Колку и да е чист пешкирот, нема смисла да го користите ако ја делите бањата со вашиот партнер или пријател. Австралискиот експерт за убавина Џоклин Петрони верува дека кожата по миењето останува кратко време влажна, затоа треба да го нанесете омилениот производ на лицето веднаш по апсорпцијата на водата. „Состојките за нега на кожата ќе се апсорбираат во кожата и ќе направат подобра работа доколку кожата е влажна. Тогаш секој препарат подобро ќе се апсорбира и ќе забележите видливи резултати на кожата“, истакна Петрони.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma