Сината боја зрачи со силна енергија, особено ако сакате да ја носите, или да ја имате во домот.
Психолозите веруваат дека секоја боја има свое значење, а енергетичарите веруваат дека секоја нијанса е симбол на посебна енергија.
Ако често се облекувате во сино, треба да знаете дека бојата има многу моќна енергија. Се верува дека изборот на сина боја може да привлече среќа во различни области од животот, а пред се во бизнисот и љубовта.
Влијае на интелектот, мислите, умот и свеста
Сината облека, сините ѕидови или сликите на ѕидовите исто така ги зголемуваат интелектуалните способности на личноста која ја сака оваа боја. Според психолозите, сината боја нè поттикнува да се фокусираме на важните нешта.
Сината боја ја подобрува концентрацијата, како и меморијата, поради што оние кои се занимаваат со интелектуални и креативни активности се опкружени со оваа боја.
Имено, кога ја гледаме сината боја, почнуваме полесно да донесуваме одлуки и да се ослободуваме од непотребните мисли. Таков антистресен ефект може да се постигне со гледање на небото и морето, поради што не е чудно кога луѓето велат дека водата ги смирува.
Сината боја симболизира и одговорност, па облеката во оваа боја ја избираат луѓе кои се лидери на висока позиција. Под влијание на оваа боја, луѓето наводно стануваат пољубезни и посрдечни.
Негативни ефекти
Покрај позитивните, сината боја има и негативни ефекти.
Се смета дека ја намалува физичката активност бидејќи е фокусирана на умот. Може да не направи поспани и ранливи. Исто така, симболизира одмор и сон, па според некои верувања не се препорачува да се избира облека во оваа боја при долго возење.