Кристијан Диор не напушти пред повеќе од 6 децении, но неговиот бренд и понатаму е ПРЕСТИЖ: Животната приказна на модниот магнат

popara25 октомври, 20211min0

Еден од најпознатите модни дизајнери на минатиот век, Кристијан Диор, со својот необичен талент успеа да создаде империја и да го претвори својот бренд во „елитистички креации“.

На денешен ден во 1957 година нè напушти познатиот Французин кој со своите ставови, футуристички размислувања и креативност ги помести границите на модната индустрија.

Кристијан е роден во 1905 година во Нормандија, градот Грандвил во буржоаско семејство кое тргувало со стоки. Со оглед на тоа што Диор уште од мали нозе се издвојувалод својата генерација и браќата, како во поглед на разбирањето на светот и реалноста, така и во вокабуларот, родителите сакале тој да стане одличен дипломат, па во 1920 година се запишува на факултетот за политички науки каде што дипломирал по пет години.

Уметничката и софистицирана особина што ја негувал низ годините излегла на површина, а Кристијан решил да отвори мала уметничка галерија која била краткотрајна со оглед на тоа што неговото семејство се нашло во многу тешка финансиска ситуација.

Иако бил многу разочаран од комбинацијата на животни околности, тој не се откажал од желбата да се занимава со мода и уметност и нашол работни места кои биле во допир за тогашните еминентни дизајнери низ Франција.

Неговото запознавање со текстилниот магионичар Марсел Босак му донел видлив просперитет, а по 1946 година ја отворил својата прва модна куќа.

Тој ги вложил сите свои надежи, потенцијали, борбеност и креативност во сопствениот бизнис, а таа невидена текстилна трансформација го најде својот пат до публиката, и по 12 години посветена работа, Диор го проширил својот бизнис во дури 15 соседни земји.

Овој бренд имал над 2000 вработени и станал препознатлив под терминот „Нов изглед“ што го вовеле во 1947 година.

Kristijan Dior

Кристијан отсекогаш имал идеја дека припадничките на понежниот пол треба да бидат вистински дами, а тоа можат да станат само оние кои ја негуваат женственоста во начинот на изразување, движење и однесување, како и во стилот на облекување.

Модната куќа „Диор“ стана препознатлива по кроевите на тесни раменици, нагласени гради, стеснети ремени, широки здолништа и префинети материјали.

Токму оваа преобразувачка елеганција помогна да се направи Париз главен град на модата и настаните.

Иако често не бил во хармоничен однос со семејството, фигурата на мајка си ја сметал за синоним за женственост и софистицираност, а таа често била негова муза.

По неговата смрт, тој го екскомуницирал својот брат Рејмонд Диор од неговиот тестамент, како и неговите наследници, имајќи предвид дека тие никогаш не го прифатиле неговиот слободен ум, сексуалност и начин на живот.

За да не пропадне импозантната модна империја, помошникот на Кристијан, Ив Сен Лоран го зеде „Диор“ под своја рака и го спаси од сигурна пропаст.

Денес, овој бренд е синоним за висока мода, апсолутна екстраваганција и престиж.

Dior revija

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma