Кантавторот нагласи дека ќе биде во самоизолација, во согласност со одредбите на британската влада
Британскиот музичар Ед Ширан ги извести фановите и јавноста дека е позитивен на корона вирусот.
Кантавторот на својот Инстаграм профил објави дека е позитивен на корона вирусот, но дека ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од неговата куќа во Сафок.
Имено, Ширан нагласил дека ќе биде во самоизолација, во согласност со одредбите на британската влада.
– Тестиран сум и позитивен сум на корона вирусот, па сега сум во самоизолација согласно мерките на Владата. Тоа значи дека нема да можам да правам ништо што подразбира лично присуство, туку ќе ги правам сите планирани интервјуа и настапи што можам од дома. Се извинувам што ве изневерив. Бидете безбедни – рече музичарот.
Минатата недела, британскиот текстописец и кантавтор настапи во Лондон за време на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, а кои ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.