Ако вашата кожа постојано ви се перути, постои сериозна причина за тоа
Ова може да биде резултат на хроничен недостаток на витамин Ф, а не на некоја посериозна болест. Витаминот Ф е важен за метаболизмот, го спречува таложењето на холестерол во артериите, го зајакнува имунолошкиот систем.
Исто така, помага да се намали телесната тежина со согорување на заситени масти. Кај дијабетичарите овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и ги спречува очните болести. Ги ублажува менструалните болки, а се користи и за лекување на стерилитет кај двата пола, особено кај мажите.
Недостатокот на витамин Ф различно се манифестира кај децата и кај возрасните. Најмладите постојано чувствуваат жед, имаат хронични инфекции, синузитис, чести кивања, алергии на кожата, егзема или респираторни проблеми, па дури и астма. Кај возрасните, првиот симптом е многу сува кожа, прво на нозете, потоа на стапалата и на крајот по целото тело. Претеран е и првутот што се забележува при соблекување на чорапите. Може да се развие атеросклероза и артериосклероза, тромбоза, миокарден инфаркт, замастен црн дроб, запек или дијареа, намалена отпорност на организмот на вируси и бактерии.
За да ги задоволите дневните потреби за овој витамин, вклучете во менито сончогледово масло ладно цедено (две и пол лажици), кое е исклучително богато со оваа важна состојка. Истиот ефект можете да го постигнете со конзумирање на шест лажици семки од сончоглед. Други маслодајни семиња, сусам, кикирики, лен и афион се исто така богати со витамин Ф. Најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Е.