„Од сега па за навек… Јана“ – напишал кусо идниот младоженец покрај објавената фотографија од него и неговата идна сопруга, украсувајќи го постот со емотикони на срце и веренички прстен.
Инаку, пред неколку дена Иван ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.
Ова беа и дел од причините за негово гостување во ТВ магазинот Бекстејџ. Во интервјуто тој зборува за љубовта, но и плановите за свадба.
Инаку Иван студираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек политички науки, а оние кои го познаваат, знаат дека Иван е голем љубител на музиката и бил член на неколку бендови.
Така, тој ја освои главната награда на првиот „Акустик сквер фестивал“ во 2013 година, во организација на Универзална сала, кога објектот беше се’ уште во функција, кој беше фестивал, односно натпревар на музички уметници – акустичари, кантавтори и групи.
Подоцна Иван со својот бенд „Чубакас“ имаше и настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. Тогаш Иван изгледаше малку поинаку, со подолга кадрава (виткана) коса и брадичка без мустаќи.
Тој и денес свири и како што и самиот вели, гитарата не фаќа прашина, туку секојдневно му е в раце.
Како и да е, нека се среќни и вечни идните младоженци, а еве што се кажа за себе Иван Иванов во интервјуто за ТВ магазинот „од зад сцената“: