ОГРАБЕНА КУЌАТА НА ЕСМЕ РЕЏЕПОВА! Во величествената градба останаа само голи ѕидови, недостигаат дури и вратите и прозорците!

27 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-27 131748

Страшна глетка

Куќата на Есма Реџепова која по нејзината смрт требаше да стане своевиден музеј е тотално уништена!

Нашата легендарна пејачка почина на 11 декември 2016 година, а вилата во која живееше, во која беа и Музејот и Куќата на хуманоста на Есма и Стево Теодосиевски во Скопје, сега изгледа како руина.

Сцената изгледа тажно и застрашувачко бидејќи не остана ништо друго освен голите ѕидови. Во вилата од 750 метри квадратни било украдено се, а недостасуваат дури и некои врати и прозорци. Дури и имотот кој се простира на 1300 метри квадратни е тотално запуштен, обраснат со плевел.

Легендарната пејачка оваа некогаш величествена зграда, во која одгледала и нахранила дури 48 деца, ја остави на државата и Скопје, но еден дел од нејзините наследници го оспорил тој тестамент барајќи го својот дел. Како што стојат работите, додека не се види чија е, куќата ќе продолжи да се распаѓа.

escort - Korsan taksi