Поради падот на бројот на заразени, Израел повторно се отвора за туристи – но со посебни услови. Мора да имаат доказ за двојна вакцинација или да имаат прележано корона. Децата кои не се вакцинирани не смеат да влезат.
Температурата во Тел Авив деновиве се движи околу 30 Целзиусови степени. Израелската влада се надева дека поволните климатски услови за овој период од годината ќе привлечат многу туристи.
Од избувнувањето на пандемијата на короната, Израел е релативно строг со туристичките патувања во споредба со другите земји. Дури сега, по 20 месеци, на туристите им е дозволен влез во оваа земја без посебна дозвола. Услов: да се вакцинирани со двојна дозна против коронавирусот, а втората доза да не е постара од шест месеци. Прифатен е и сертификат од ЕУ дека лицето кое влегува во Израел прележело на Ковид 19.
Израелските хотелиери го поттикнаа враќањето на странските туристи. Меѓутоа, бидејќи на Израелците им беше тешко да ја напуштат земјата за време на пандемијата поради строгите прописи и ограничувања, повеќето од нив летуваа во самиот Израел, па некои хотели постигнаа уште подобри деловни резултати за време на пандемијата отколку во претходните години.