Здравко Чолиќ

popara22 јули, 20111min00
Zdravko Colic

Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.

Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приђеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.

Во 1984, Чолиќ се сели од родниот град, Сараево во Белград. По војната и долга пауза, тој е враќа мна музичката сцена и си ја враќа популарноста до извесно ниво и сѐ уште држи повремени концерти.

http://www.youtube.com/watch?v=G3wwxdbU7Fg

http://www.youtube.com/watch?v=2L2UaWEPL6k

http://www.youtube.com/watch?v=dzccNbgQZHA

http://www.youtube.com/watch?v=WpWkBXkgM7g

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma