Семејната трагедија го одбележа тинејџерскиот период на актерката Шарлиз Терон.
Шарлиз Терон (46) имала тешко детство и желбата за мајчинство ја исполнила преку посвојување.
Актерката е снимена во петокот во Мексико во друштво на нејзината трансродова ќерка Џексон (10) и ќерката Август (5). Шарлиз речиси незабележано поминала под заштитна маска и со очила за сонце и облечена во фустан и тексас јакна.
Терон, која доби Оскар за нејзината неверојатна трансформација во филмот „Monster“, го посвои Џексон, стар неколку месеци, во 2012 година, а нејзината ќерка Август во 2015 година. Актерката не пропушта прилика на Инстаграм и во интервјуа да истакне колку сака да биде мајка и дека нејзиното срце им припаѓа само на нејзините деца.
Шарлиз еднаш зборуваше за тоа дека нејзината трансродова ќерка Џексон обожава да носи фустани секој ден, а понекогаш ги комбинира со сандали со светки и интересни додатоци. Дека е девојче, ѝ кажала кога имала три години.
„Да, и мислев дека е момче додека на тригодишна возраст не ми рече: „Јас не сум момче“. И еве. Имам две убави девојчиња како и секој друг родител. Сакам да ги заштитам како и секој родител и да видам како тие ги остваруваат своите соништа. Не е мое да одлучувам кои ќе бидат тие, тие треба да се најдат себеси во светот. Мојата работа како родител е да ги славам, сакам и штитам“, истакна актерката.
Таа ги игнорираше потсмевите и говорот на омраза што беа упатени кон неа и Џексон.
Инаку, Шарлиз пораснала на семејна фарма во Јужна Африка во близина на Јоханесбург. Нејзиниот татко Чарлс, кој бил алкохоличар, на 21 јуни 1991 година им се заканувал на тогаш 15-годишната актерка и нејзината мајка Герда. Тој бил пијан и имал пиштол и пукал низ вратата од собата каде што се криеле. Герда успеа да го дофати пиштолот и го убила Чарлс во самоодбрана, така што таа не морала да се соочи со никакви обвиненија.
„Тоа семејно насилство, тој вид насилство што се случува во семејството е нешто што го споделувам со многу луѓе. Не се срамам да зборувам за тоа бидејќи колку повеќе зборуваме за тоа, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во тоа. Мојата приказна е растење со зависник и она што го прави зависноста на човекот“, рече таа еднаш.
Погледнете повеќе фотографии од Шарлиз со децата во галеријата.