За мирен ден: со оние челичните се преговара за покачување, со слабите најлесно се комуницира преку e-mail, a со шефот “господин љубезен“ се зборува само за работата.
Дури 80% од вработените американци се во некаков конфликт со своите шефови. Дури и да имате друга работна позиција како алтернатива, експертите велат дека бегањето и напуштањето на работното место не се неопходни. Постојат начини како да се подобрат односите со шефот. Прв чекор е да утврдите во кои од седумте основни типови на шефови спаѓа вашиот. Дали тој е цврст, неук, злобен, егоманијак, диктатор, слабак или господин љубезен. Откако ќе го пронајдете профилот на вашиот шеф, обидете се постепено, следејќи ги советите на експертите, својот невозможен однос со шефот да го претворите во поднослив деловен однос.
Главното правило е:
Опуштете се и уживајте – по работното време со колегите опуштете се и шегувајте се. Како тим сте појаки и полесно се носите со проблемите.
Без лажење – истражувањата покажале дека дури 39% од шефовите редовно ги кршат ветувањата кои им ги дале на своите работници.
- Неуките носат погрешни одлуки – барајте задачите да ви ги доставува писмено, дискутирајте за секоја фаза од проектите и прашувајте постојано за се.
- Слабакот постојано се крие – со него најлесноќе комницирате преку e-mail, прашувајте само за најважните работи, а останатото сочувајте го за моментот кога ќе процените дека може да се разговара.
- Злобникот, лаже, краде и мами – немојте да играте според неговите правила, бидејќи тој игра валкано. Спротиставете му се. Ако пак ви се заканува со отказ, документирајте ги и покажете му ги сите негови некоректни постапки.
- Челичниот или цврстиот тешко дава покачување – сакате покачување, привлечете внимание со својата работа и подгответе одговор на прашањето зошто заслужувате. Ако пак го одбие вашето барање, прашајте дали може да ви даде друг вид на компензација.
- Диктатор кој сака да контролира – однесувајте се колегијално, но спротиставете се на заканите. Ако попуштите тој никогаш нема да запре. Фокусирајте се на целите и отворено поставувајте прашања наместо ултиматуми.
- Внимателно со егоманијакот – селективно игнорирајте ги неговите невозможни барања, а тој тоа нема да го примети. Во разговорите бидете конкретни. Пронајдете соработник кој ќе ги поддржува вашите предлози.
- Господинот љубезен сака да е омилен – држете дистанца и разговарајте само за деловни теми и обврски, но не и за приватни проблеми. Пронајдете начин да му кажете дека не се согласувате со него, а тој да не се почуствува лошо поради тоа.