Како ориентална Барби куќа: Туристи ги подмитуваат станарите за да се сликаат со фасадата на оваа зграда!

popara10 декември, 20211min00
62205075

На јужниот брег на Шпанија, во слаткиот град Калпе, во 1973 година е подигната зграда, денес позната како La Muralla Roja – Црвен ѕид.

Станбениот комплекс е инспириран од северноафриканските цитадели и арапско-медитеранската архитектура, па затоа има внатрешна градина резервирана само за очите на своите жители.

Педесет станови во внатрешноста на оваа зграда се поврзани со мостови и скали, а во внатрешноста на зградата има две продавници, сауна и ресторан. Гледано од птичја перспектива, оваа зграда наликува на мноштво крстови споени на едно место, на различни нивоа.

Овде, брутализмот се среќава со Инстаграм: поради нејзините живи бои, слоевитоста и едноставноста, многу минувачи се чувствуваат како да е лажна картонска зграда. Згора на тоа, се чини дека зградата е повеќе за сликање отколку за живеење – сепак обезбедува добра позадина, нели?

Затоа не е чудно што е вклучена во листата на најубавите градби на Калпе и најзначајните дела на неговиот архитект Рикардо Бофила.

Стана и една од најпознатите туристички атракции на источниот брег – поради зголемениот број на влијателни лица и туристи кои сакаа да се фотографираат со Црвениот ѕид, станарите почнаа да го губат трпението и неодамна подигнаа ограда за да го спречат пристапот.

Остануваат уште неколку опции: изнајмување стан во зградата, поткупување на станарите или фотографирање во близина на оградата и подоцна бришење во фотошоп :).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma