Do-it-yourself проектите (ако имате време за нив) се совршен начин да се опуштите малку, да направите нешто креативно со свои раце во кое ќе уживате вие и вашето семејство.
Минимализмот навлезе во сите пори на нашето општество и можете да го примените слоганот ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ на новогодишните украси. Затоа ви носиме прекрасен туторијал за правење многу модерни украси за елка кои го полудеа цел свет, а чинат цело богатство во продавниците.
Значи, за да ги направите овие прекрасни украси, потребни ви се само хартија, ножици, лепак и селотејп.
Погледнете го видеото и уживајте во правењето на овие навистина прекрасни украси: