Бидејќи мукозната мембрана на воспаленото грло е веќе отечена, доколку се создаде едем при вдишување на пареа, тоа може да доведе само до задушување.
Кога ве боли грлото, повеќето од нас веднаш посегнуваат по топли чаеви, ја исплакнуваат устата со жалфија и вдишуваат сè за да се загрее и стопли секретот кој „фаќа“ на грлото и прави проблеми. Еден од овие вообичаени третмани е голема грешка.
Всушност, тоа само го зголемува ризикот од сериозни компликации. Оториноларингологот Владимир Зајчев ги предупреди сите кои го имаат овој вообичаен симптом во зима да не инхалираат, односно да не вдишуваат пареа. Во овој случај, грлото е изложено на топлина, што може да предизвика едем (оток) на ткивата. Бидејќи мукозната мембрана на воспаленото грло е веќе отечена, доколку се создаде едем при вдишување на пареа, тоа може да доведе само до задушување.
Друга опасна грешка, на која укажал докторот, е лекувањето на болки во грлото со керозин, некогаш популарен домашен „лек“ за болки во грлото, кој се уште се практикува на некои места во Србија.
„Овој метод е исклучително опасен и може да предизвика разни видови на рак, како што се рак на коренот на јазикот, усната шуплина, крајниците, гркланот…“
Има уште неколку домашни лекови кои кај нас исклучително често се користат за болки во грлото, а тоа е плакнење на грлото со раствори со додавање на сода бикарбона, сол и јод. Резултатот од оваа терапија, а особено ако е претерана, е сушење на слузокожата, па дури и изгореници.