Поминаа повеќе од 30 години откако Кевин Мекалистер, кој го игра Меколи Каклин, ги освои срцата на публиката ширум Светот во „Сам дома“, а денес таа филмска франшиза има шест продолженија.
Според многумина, првите две продолженија се најдобри, а сѐ што е снимено потоа падна во втор план и не постигна ни приближно толку успех како филмовите кои го лансираа Калкин до самиот врв на детски ѕвезди.
Според многумина, најлошото продолжение на популарната франшиза е четвртиот филм снимен во 2002 година. Под режисерската палка на Род Даниел, улогата на Кевин ја презеде Мајк Вајнберг, а филмот со наслов „ Home Alone 4: Taking Back the House “ пристигна во кината на почетокот на ноември 2002 година.
Приказната го следи Кевин Мекалистер додека се обидува да ја одбрани куќата на својата идна маќеа од крадци. Марв и Вера се главните негативци кои се обидуваат да се пресметаат со момче кое не им дава мир. Филмот е последното режисерско дело на Род Даниел, а е снимен во Кејп Таун, Јужна Африка.
Улогата на Марв продуцентите му ја понудиле на Даниел Стерн, кој го отелотворувал озлогласениот крадец во првите две продолженија на филмот, но откако го прочитал сценариото тој ја одбил улогата. Критичарите го поздравија филмот како „очајнички обид да се оживее старата слава“ и тој стана најлошо филм оценет во целата франшиза.