Пред крајот на годината обично ги сумираме впечатоците од претходните месеци, па така популарна е и листата на најдобри, најлоши, најсмешни титули во различни категории. И оваа година, како и претходните, магазинот Vogue ги избра 12-те најдобро облечени жени во 2021 година.
Според нивното мислење, оваа ласкава титула ја заслужи манекенката Кејт Мос, пејачките Лејди Гага, Зендаја, Дуа Липа и Ријана, потоа моделот Џордан Дан, француската актерка Изабел Хуперт, англиската манекенка и актерка Џема Чан, актерките Анџелина Џоли и Зои Кравиц, продуцентката Синтија Ериво и ирската актерка Никола Коглин.
Како што беше кажано, изборот паднал на овие заносни дами, бидејќи досега никого не разочарале со својот моден избор.