Можете ли да го најдете ѕвоното на илустрацијата? Проверете дали имате „соколово око“

popara29 декември, 20211min00
dudolf-830x0

Авторот се потрудил да ви го отежни процесот на наоѓање

Унгарскиот уметник Џерџели Дудас од време на време објавува загатки и криенки кои речиси на сите им задаваат главоболки.

Судејќи по неговите илустрации, можеме да заклучиме дека тој е навистина добар во криењето предмети.

А дали сте вие добри во наоѓање на истите?

Како што е типично за криенките на Дудолф, во илустрацијата има многу детали кои го одвлекуваат вниманието од задачата.

На подот седат зајак, мече и лисица, околу нив се расфрлани играчки и слатки, а вие постојано се прашувате каде е ѕвоното… Затоа што, токму тоа е задачата – да го пронајдете ѕвоното кое авторот вешто го сокрил за да „не паѓа“ во очи „на прв поглед.

Ако не можете да го најдете, ние малку ќе ви помогнеме – обидете се да се фокусирате на каминот, а потоа на горниот дел од илустрацијата – авторот го умножил скриениот предмет…

Ако сè уште не можете да го забележите ѕвоното, погледнете го решението:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma