Сериозно го загрозувате ЗДРАВЈЕТО: НИКОГАШ не треба да стискате мозолчиња на овој дел од лицето.

29 декември, 20210
shutterstock_1153346134-2048x1365

Им дозволувате на бактериите да навлезат во длабочините на кожата

Нема сомнеж дека мозолчињата се иритирачки и непријатни.

Луѓето толку не ги поднесуваат што речиси инстинктивно сакаат да ги стиснат, штом ќе се појават на нивното лице.

Општо е познато дека ова не е најдобрата одлука, но понекогаш е тешко да се одолее, иако создава ризик од инфекција и лузни.

Еден дел од лицето, според експертите, особено треба да се избегнува кога станува збор за оваа лоша навика.

Како за инает, ова е област каде мозолчиња се појавуваат доста често.

– Областа на лицето што го поврзува носот со аглите на усните се смета за особено опасна област на лицето поради нивната тесна поврзаност со мозокот – изјави дерматологот од Њујорк, Џошуа Зикнер.

Можете лесно да ја одредите точната положба на тој триаголник со вашите раце. Спојте ги врвовите на палците и поставете ги на усните. Потоа поврзете ги врвовите на показалецот и спуштете ги до носот.

Овој дел од лицето го нарекуваат и „триаголник на смртта“, што звучи малку морбидно кога зборуваме за мозолчиња, но има добра причина за тоа.

„Кавернозен синус е името на големата вена која носи крв до мозокот“, вели д-р Зикнер.

Во врска со тоа, Алок Виј, дерматолог од клиника во Кливленд, вели дека инфекцијата со мозолчиња на носот има јасен пат до човечкиот мозок, а секој притисок врз таа област е ризик.

„Ако притиснете на мозолчето и се развие инфекција, најлошото сценарио е инфекцијата да се прошири низ кожата преку овој синус и да има потенцијал да го зарази мозокот, па дури и да се прошири преку крвотокот до целото тело“, вели д-р. Зикнер.

Секое стискање на мозолчиња и вадење влакна од носот на неправилен начин им овозможува на штетните бактерии да навлезат во ризичната област на лицето.

Ако ова ви изгледа премногу апстрактно или невозможно, тогаш на вашата одлука може да влијае фактот што оваа област е особено чувствителна и склона кон лузни поради високиот притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi