Фудбалската репрезентација на Перу го освои третото место во купот на Америка, бидејќи во саботата во Ла Плата го совлада тимот на Венецуела со 4:1.
Херој на оваа средба беше Паоло Гвереро, кој мрежата на противникот ја затресе во 74 минута, а потоа уште два пати во судиското продолжено време на натпреварот.
Водство на перуанците предходно им донесе Чироки во 42 минута, а едниствениот погодок за Венецуела го даде Аранго во 79 минута.
Денеска во борбата за титулата шампион ќе се борат Уругвај и Парагвај.