Поранешната љубовна двојка Шон Мендес и Камила Кабело или се повторно заедно, или и двајцата едноставно многу го сакаат своето крзнено милениче.
Имено, Шон и Камила биле забележани како се шетаат во Мајами со нивниот миленик Тарзан.
Шон и Камила објавија на Инстаграм дека раскинале пред неколку месеци, но во изјавата што ја објавија рекоа: „Решивме да ја прекинеме нашата романтична врска, но нашата љубов еден кон друг како луѓе е посилна од кога било. Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели“.
Значи, се чини дека го прават токму тоа.
Во ноември 2020 година, Шон го запозна светот со Тарзан, симпатичен златен ретривер, објавувајќи серија слатки слики од кученцeто. Поранешниот пар помина голем дел од пандемијата заедно на Флорида со кученцето.
„Да потсетиме, парот е заедно од 2019 година, кога го снимија хитот „Сенорита“, по што се појавија првите озборувања за потенцијална љубов. „Оваа хемија не може да се лажира“, коментираа многумина на нивното видео, и иако се обидуваа да го скријат тоа, беше јасно дека искрата се запали.