
Пред неколку недели, Институтот за бои Pantone ја избра виолетова боја за моден фаворит во 2022 година.
Сепак, модните експерти најавуваат дека во трендот ќе има поатрактивни нијанси. Розовата боја е нешто што мора да се има. Сепак, судејќи по новитетите кои изминативе денови пристигнаа на полиците и закачалките на модните продавници, една нијанса веќе се наметна како задолжителна боја на преодната сезона. Станува збор за нежно розево, кое доаѓа во идеално време да ја освежи гардеробата и да му даде на нашиот стил нежна и романтична нота.


Розовата стана хит во Холивуд, па Ешли Робертс веќе ја презеде и храбро реши да искомбинира розе палто со црвена чанта. Некогаш некомпатибилните бои сега се сосема прифатливи во истиот стајлинг.
