Откриена ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА на познатата актерка: Шест дена пред смртта на Бети Вајт се случило ОВА

popara15 јануари, 20221min00
0a7e86f39e228923a8327fa9d023657e62044b55

И покрај нејзината длабока старост, нејзиното заминување го растажи светот.

Само 17 дена ја делеа актерката Бети Вајт од нејзиниот роденден, со што би заокружила еден цел век. Беше активна до последниот здив, насмевката не и се симнуваше од лицето и сите беа убедени дека ќе живее вечно.

Легендарната актерка доживеала мозочен удар шест дена пред смртта, а починала мирно во сон, стои во нејзината потврда за смртта.

Официјалната причина за смртта на Бети Вајт е наведена како „цереброваскуларна несреќа“, пишува порталот „TMZ“.

Иако мозочниот удар може да предизвика трајно оштетување на мозокот и долготрајна попреченост, изворите откриле дека Бети била „будна и кохерентна“.

Холивудската икона, една од најпочитуваните комичарки во историјата на кинематографијата и првата дама на телевизијата. Родена е на 17 јануари 1922 година.

За време на нејзината долга кариера, која започнала пред Втората светска војна, таа играше во повеќе од 120 филмови и серии, а најголема популарност и донесоа „Златните девојки“.

На прашањето која е тајната на долговечноста, Бети рекла дека цел живот избегнувала да јаде зелен зеленчук.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma