Домашните миленици ја подобруваат психо-физичката состојба

popara24 јули, 20111min00
dogandgirl

Сопствениците на домашни миленичиња имаат подобра здравствена состојба и се посреќи од другите, покажале резултатите од едно американско истражување објавено во научното списание  (Journal of Personality and Psychology).

Група на психолози од Универзитетот Сент Луис и Мајми заклучиле дека милениците имаат многу важна социјална улога, дека кај сопствениците може да создадат поголемо ниво на самопочит и подобро здравје.

Физичкиот аспект од позитивното влијание на домашните миленици е тоа дека со нив постојано си играте, трчате, шетате…со што се одржува една кондиција и физичка активност.

Истражувањето било спроведено во три фази, во првата 217 учесници пополнувале прашалници со елементи по кои се разликуваат сопствениците на домашните миленици од оние кои немаат.

За време на втората фаза се испитувани 56 сопственици на кучиња, за кои е утврдено дека милениците им ја поттикнуваат самодовербата, припадноста и дека им даваат смисла за постоењето.

Во третата фаза на студијата се покажало дека домашните миленици многу често им помагаат на сопствениците кога тие се чуствуваат лошо или отфрлено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag