Студените денови се тука, но тоа значи дека треба да се откажеме од трендовските парчиња. Оваа сезона дизајнерите се потрудија да направат гардероба која е удобна, топла, но и толку шик.
Ирина Шајк ни покажа дека зимскиот стајлинг може да биде феноменален. Таа прошета по улиците на Њујорк во парче кое мора да се најде во гардеробата на секоја жена со стил, велат модните експерти.
Станува збор за кожен, предимензиониран модел на капут кој е поставен, па сигурно ќе ви биде удобно во него.
Од есенската сезона на модната сцена се вратија предимензионирани кожени парчиња, а бидејќи дамите беа воодушевени од овој стил, дизајнерите од овој материјал креираа и зимски јакни.
Совршено се вклопуваат во секој стил, а можат да се носат речиси во секоја пригода – од casual до малку поформални. Дефинитивно е парче во кое вреди да се инвестира.
Дали ви се допаѓа овој модел?