КОРОНАТА ПОВТОРНО ГИ МЕНУВА ПЛАНОВИТЕ НА ЕВРОВИЗИСКИТЕ ПОБЕДНИЦИ: Манескин ја откажа европската турнеја!

popara26 јануари, 20221min00
2717491_maneskin-1_ls

Италијанската група Манескин, победник на Евровизија 2021, нема да ја започне пролетната турнеја наречена „Loud kids“, како што беше претходно најавено.

Фронтменот на групата, Дамијано Дејвид, се обрати преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.

– Се беше подготвено да тргнеме, но добивме многу лоши вести за рестрикции во последните денови. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите во кои требаше да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Досега ги откажавме сите настапи до средината на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник – изјави харизматичниот Дамиано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште пожестоки настапи кога ќе се исполнат условите за нив.

Maneskin

Манескин треба да настапи на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали публиката ќе биде пуштена. Засега единствено е сигурно дека ќе свират два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma