Стриптизети на погреби е честа појава во Тајван, особено во руралните области. Иако многумина веруваат дека овој тренд е скандалозен, а властите се обидуваат да го укинат, луѓео продолжуваат да уживаат во него.
За скромна цифра работниците на тајванската компанија Electric Flower Car пристигнуваат на погреб во камион, осветлен со неонски светла и пред покојниците вршат стриптиз.
Некои луѓе на овој тајвански феномен гледаат со згрозеност, но други пак ја сакаат оваа погребна церемонија и сакаат своите сакани да ги испратат на другиот свет со насмевка на лицето. Некои веруваат дека стриптизетите служат за да се привлечат што поглем број на луѓе да дојдат на погреб, а во Тајван се верува дека покојникот бил многу почитуван и со доаѓањето на повеќе луѓе на погребот му се искажува поголема чест.