Многу рано, но веќе се зборува кој ќе го наследи имотот на Еми!

25 јули, 20110
amywinehouse_blakefieldercivil_jlp_24072011_625

Не помина многу време за веќе да почне да се зборува кој ќе го наследи имотот на прерано починатата пејачка Еми Вајнхаус.

Познато е дека таа пред да биде во врска со Тревис, беше во брак со Блеик, кој во моментов е во затвор заради разбојништво и нелегално поседување на оружје. Нивниот брак започнал во 2006, а заврши во 2009. Беше полн со расправии, тепачки, љубомора, дрога и алкохол.

Се смета дека Блеик е најголемиот виновник што Еми почнала да зема дрога и алкохол во ненормално големи количини.

Сега истиот тој Блеик, ги има најголемите шанси да го добие имотот на починатата ЕМи, кој се проценува од 10 до 20 милиони фунти.

Белик веста дека Еми е мртва ја добил во затворот, на што изреагирал прилично лошо. Неговата мајка стравува дека и тој ќе си го одземе животот бидејќи не би можел да продолжи да живее со фактот дека таа повеќе не е жива.

Законот во Британија вели дека доколку брачниот пар се разведе, а потоа едниот од нив почине, а не остави тестамент, поранешниот сопруг/а го добива имотот. Бидејќи за сега не е најден никаков тестамент од Еми, шансите дека Блеик ќе го добие имотот се огромни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *