Лени Кравиц е мнгу близок со неговата ќерка Зое, таа му е најдобар пријател. Кравиц вели дека со неговата 22-годишна ќерката има отворен однос и најмногу сака времето да го поминува со неа. “Старомоден сум кога станува збор за родителствотото, но таа е мојот најдобар пријател. Порасна со мене и никогаш не криев ништо од неа. Постојано ме советува и подржува во она што го правам и работам”, вели пејачот за ќерката од бракот со поранешната сопруга Лиза Бонет.
Лени е познат по кичестите комбинации на сцената, а сега вели дека Зои многу влијаела на неговиот стајлинг, понекогаш и си ја менуваат облеката. “Се обидував со се, платформи, крзно, пердуви, марами…Сега таа ги носи поголемиот дел од моите работи. Ми ги зема сите марами…иако и викав и лутев за тоа, таа умираше од смеа и секогаш коментираше дека тоа се зборови кои поголемиот дел од татковците никогаш нема да ги изговорат”, додава Лени.