Нешто сосема поинакво: Пробајте го овој намаз од тиквички
5 февруари, 20220
Фантастичен рецепт
СОСТОЈКИ:
- 2 тиквички
- 200 гр швабско сирење
- 2 тврдо варени јајца
- 1 лимон – сок
- Зеленот ден од млад кромид (2)
- 6 лажици маслиново масло
- 2 чешниња лук
- по вкус сол
- по вкус бибер
ПОДГОТОВКА:
Тиквичките исчистете ги, исечкајте ги и варете ги 5 минути со 1 лажичка сол, процедете ги и ставете ги во поголем сад.
Додадете ги сечканите јајца, сечканиот лук и младиот кромид, сирењето, маслото, сокот од лимон, сол и бибер и изматете со миксер. Ставете во фрижидер добро да се излади.
Послужете за појадок или вечера со јогурт намачкано на кришки леб или тост. Вкусно е.