
Тој се најде во улогата на Џон Мичел, пријател и адвокат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон
Шон Пен ќе го гледаме во непрепознатливо издание во серијата „Гаслит“ која ќе почне да се прикажува на 24 април 2022 година. Имено, познатиот актер го толкува ликот на Џон Мичел, пријател и адвокат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон.
За потребите на оваа улога Пен целосно се трансформираше, што може да се види на фотографиите, но и во трејлерот кој се појави.
Инаку, серијата „Гаслит“ ја опфаќа аферата Вотергејт и се фокусира на неколку нераскажани приказни. Едната (приказна) се фокусира на Марта Мичел (Џулија Робертс). Позната личност од Арканзас и сопруга на адвокатот на Никсон, Џон Мичел (Шон Пен).

И покрај нејзината партиска припадност, таа е првата личност што ја алармира јавноста поради вмешаноста на Никсон во аферата Вотергејт, која одекна низ цела Америка. Како државен правобранител, Џон Мичел е принуден да бира помеѓу неговата сопруга Марта и претседателот Никсон.
Покрај Шон Пен и Џулија Робертс, во серијата „Гаслит“ играат Ден Стивен (Џон Дин), Бети Глипин (Мо Дин), Ши Вигам (Гордон Лиди), Дарби Камп (Марти Мичел), како и српскиот актер Александар Филимоновиќ (Золтон).
Погледнете го трејлерот: