
Откако јавноста дозна што си подарија за роденден Роналдо и неговата сопруга Георгина, социјалните мрежи не престанаа да озборуваат за „реципроцитетот“ на подароците.
Пишувавме како Роналдо ја изненади врвно својата дама, со брилијантен подарок – нејзиното лице на зградата во Бурџ Калифа, Дубаи, а таа нему му купи „скромен“ автомобил од 177 илјади евра.
Но, нешто друго им запна за око на корисниците на социјалните мрежи.
„Ќе се удавам од оваа торта. Таа сјаеше во Дубаи, а тој доби пандишпан со јагоди“ – гласи еден од низата твитови објавени по роденденот на легендарниот фудбалер.
Откако тој се појави со објава на која со Георгина се фотографирани пред огромна торта со неговите иницијали и бројот седум, филот и декорацијата доживеаја фијаско низ коментарите.

Корисниците сметаат дека Георгина со тој буџет и можности, можела да си дозволи многу подобар избор на торта, одошто обичен пандишпан со шлаг и јагоди, несмасно наредени во облик на букви и бројка. Дури се појави и шега во која Илон Маск ја бара тортата, а за возврат нуди 3000 биткоини!
Elon Musk Has Asked Christiano Ronaldo To Leave Is Birthday Cake For Him And Get 3000 Worth of Bitcoin pic.twitter.com/CyLy5hCg0p
— Naija Talk212 (@NaijaTalk212) February 6, 2022
Многумина сметаат дека жената на еден од најбогатите фудбалери на светот навистина можела да порача торта. Коментарите се нижат, луѓето се исмеваат со тортата, но и со самиот факт дека оваа двојка навистина нема проблем кога се во прашање средства за било какво слатко изненадување!