Кајли Џенер откри какво име му дала на синот: Значењето е силно, но изборот е неочекуван

popara12 февруари, 20221min00
tan2022-2-7149207350-830x0

Популарната реалити ѕвезда се породи на 2-ри февруари, ден по четвртиот роденден на нејзината ќерка Сторми

Последниве денови јавноста некако најмногу беше окупирана со прашањето кое име го избраа најмладата милијардерка Кајли Џенер и нејзиниот избраник Тревис Скот за синот што неодамна го добија.

Иако многумина очекуваа да го именува своето момче поинаку, тие избраа да се викаат Волф Вебстер.

Популарната реалити ѕвезда се породи на 2-ри февруари, ден по четвртиот роденден на нивната ќерка Сторми, а дека таа и Тревис го добија своето второ дете беше криено од јавноста неколку дена.

Потоа Кајли сподели црно-бела фотографија на која се гледа како го држи за рака своето новороденче, а во описот го истакнала само датумот на неговото раѓање – 2.2.2022.

Да се потсетиме, Тревис и Кајли ја имаат и ќерката Сторми. Тие ја започнаа врската во април 2017 година, а таа забремени со своето прво дете само два месеци подоцна. Сторми ја добија во 2018 година, но раскинаа следната година.

Останаа во добри односи поради заедничкото дете, често се гледаа, се појавуваа на разни настани и заедно се грижеа за наследницичката, а потоа следеше изненадување.

Во јуни 2021 година и признаа на јавноста дека се смириле и пред една недела добија уште едно дете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma