
Носеше црна маска која му го покри целото лице
Раперот Канје Вест присуствуваше на најголемиот спортски настан во Америка, Супер Боул, кој предизвика вистинска хистерија кај тамошната публика.
Вест се појави со ќерката Норт и синот Сеинт. Кога камерите го снимија и го покажаа на големото платно, на стадионот одекнаа свирежи – неодобрување.
Канје, кој го смени името во Је, носеше црна маска која му го покри целото лице. Додека публиката на стадионот му свиреше, тој не обрна многу внимание.

Се појави на спортскиот настан само неколку часа откако на Инстаграм ја нападна својата поранешна сопруга Ким и нејзиното ново момче Пит Дејвисон во една од неговите објави.
Неговото необично модно издание на натпреварот инспирираше многумина за различни шеги споделени преку Твитер.
Освен Вест, беа видени и многу други познати личности како Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Девин Бокер и Двејн Џонсон.