Рецепт за вкусни похувани палачинки: Оброк за вистински гурмани

popara3 март, 20221min00
pohovane-palacinke-830x0

Иако има малку повеќе работа околу нивната подготовка, резултатот е повеќе од задоволителен

Палачинките се секогаш добар избор кога имате малку време, а сакате да се почестите себеси или вашите најблиски со нешто вкусно. Може да се јадат и слатки и солени, а се превкусни и пржени.

Неутралното тесто за ова јадење овозможува комбинации со голем број на намирници, вкусни се и празни или со додаток на било каков солен или сладок намаз.

Сепак, омилени се оние похуваните, јаките и калорични, кои ги задоволуваат непцата на големите гурмани. Иако има малку повеќе работа околу нивната подготовка, резултатот е повеќе од задоволителен.

Состојки:

1 јајце

200 мл млеко

250 мл вода

200 грама брашно

Прстофат сол

¼ лажичка сода бикарбона

2 лажици масло

за полнење:

150 гр печеница или шунка

200 гр рендан кашкавал

2 лажици крем сир или павлака

200 гр печурки

Сол бибер

за похување:

Околу 200 грама брашно

3 јајца

Околу 200 грама презла

Масло

Подготовка:

Подгответе ги палачинките како и вообичаено.

Печурките исечкајте ги на листови и пропржете ги на малку масло, со додавање сол и бибер, додека целата вода не испари. Оставете ги на страна да се изладат.

На секоја палачинка намачкајте крем сирење или павлака, наредете ги листовите шунка, додадете печурки и рендан кашкавал.

Свиткајте ги од секоја страна за да се формира ролат од кој состојките нема да истечат при пржењето.

Во една чинија ставете брашно, во друга изматените јајца, а во трета презлата.

Секоја палачинка извалкајте ја во брашно, па во јајца, па во презла.

Во подлабоко тавче сипете малку масло и загрејте на средна температура, па пропржете ги палачинките додека не поруменат од сите страни.

Испржените палачинки ставете ги на хартиена салфетка за да се исцеди вишокот масло.

Послужете ги со додаток на кечап, мајонез, павлака или кој било друг сос по ваш избор.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma