
Деми Мур докажа дека одлично комбинира различни трендови.
Актерката Деми Мур (59) се најде на списокот на гости на модната недела во Париз. Таа се појави совршено подготвена за пролетта во беспрекорен стајлинг на ревијата на модната куќа Клои.
Деми изгледаше неверојатно младешки облечена во црно здолниште во комбинација со бело макси здолниште.

Изгледот го комплетираше со крем капут, кој важи за водечко парче за пролет. Со овој изглед таа ни даде непогрешливи модни идеи за наредниот период.
Сепак, она што многумина го забележаа е нејзиниот освежен изглед. Деми не зборува за можни интервенции, но разликата е значајна. Нејзините јаболчници се нагласени, а брчките и се помалку видливи.

Дали и Деми Мур премина на страната на луѓе кои подлегнаа на подмладување?