5 гастро работи кои задолжително мора да ги доживеете во Париз

popara7 март, 20222min00
62244690-pariz

Кога веќе патувате во Градот на светлината, штета е да не уживате во сите гастрономски радости што ги нуди Париз. Секако дека ќе уживате во кроасани и мноштво пекарски производи, а од savoredjourneys.com ви пренесуваме само дел од начините на кои во најдобро светло ќе ја запознаете париската гастрономија …

Турнеја на храната во Париз

Пробувањето на различни видови храна е одличен начин да го запознаете градот или земјата, а во Париз, секако, има и бројни гастрономски тури. Згора на тоа, ни се чини дека би било вредно веднаш по пристигнувањето да се направи турнеја, за таа да ве запознае со Париз.

Разгледување и уживање во храната

Не постои подобар начин да се комбинираат две одлични париски искуства во едно. Имено, ви се нуди да уживате во гурманскиот оброк во двокатниот автобус. Компанијата која го нуди ова забавно и вкусно искуство се вика Bustronome.

Сега можете да одите во автобус и за тоа време да јадете ручек со 4 јадења, вечера со 6 јадења или неделен бранч. Додека јадете, автобусот ќе ги помине сите врвни знаменитости на Париз. Секоја од знаменитостите на патот нуди кратка аудио порака што можете да ја слушате.

Можеби мислите дека ова искуство е исклучително туристичко, но тоа е многу далеку од вистината бидејќи ќе се чувствувате како да сте во убав ресторан и треба само да уживате во глетката и оброкот.

Пазарот Rue Mouffetard

Rue Mouffetard, еден од најдобрите пазари за храна во градот, се наоѓа во прометниот и живописен 5-ти арондисман на Париз. Најдобро е да го посетите помеѓу 10 и 13 часот, по можност во сабота наутро, кога улицата е полна со локални жители и посетители.

Ќе најдете голем број на овошје и зеленчук, многу одлични кафулиња на отворено, продавници специјализирани за продажба на сирење, продавници за вино итн. Меѓутоа, ако случајно не стигнете до овој пазар, не грижете се, има и други одлични. Сместено во близина во 6-тиот арондисман е Marché Raspail, уште еден пазар за храна каде што можете да шетате.

Уживајте во француското сирење

Во Париз има многу специјализирани продавници за сирење, но не можете да консумирате сирење на лице место. Па, во La Vache dans les Vignes можете да го направите тоа. Тоа е мала продавница за сирење и вински бар кој се наоѓа во 10-тиот арондисман, а неговото име значи „Крава во лозјето“.

Обидете се со Камембер, Морбие, Кантал или Сен Нектер во комбинација со прекрасно Бордо или некое друго сирење во комбинација со други вина. Слушајте го пријателскиот персонал и нема да има грешки.

Мулен Руж

Можеби е туристички, но Мулен Руж сепак е забавна активност за една вечер во Париз. Овде ви се нуди да уживате во француска гурманска вечера од 3 јадења (има три различни менија) и потоа да уживате во шампањ додека сте маѓепсани од кабаре.