Кралицата Елизабета Втора одлучи да го прогласи замокот Виндзор за своја официјална резиденција, каде што ќе живее и ќе ги извршува своите должности.
95-годишната британска кралица сега има намера „поголемиот дел од работата да ја работи“ од дома, а ќе добие и официјални посети во замокот Виндзор. Поради влошената здравствена состојба, кралицата ќе се откаже од повеќето службени патувања, кои сега ќе ги прават нејзините наследници.
Кралицата живееше во замокот Виндзор поголемиот дел од времето во последните две години, откако започна пандемијата на коронавирус, и таму таа и принцот Филип ги поминаа последните моменти од неговиот живот.
Изгледа дека кралицата сака да поминува што повеќе време на местото каде што била најсреќна и ги поминала последните моменти со својот сакан сопруг.
“Виндзор е нејзиното омилено место. Таа ги создаде најубавите спомени со Филип, таму се нејзините животни, а остатокот од семејството живее во близина. Затоа нејзината одлука има смисла”, рекол кралскиот новинар Хуго Викерс.