
Американската водителка Венди Вилијамс (57) боледува од лимфедемa – прогресивно отекување на меѓуклеточното ткиво на одреден дел од телото, најчесто еден или повеќе екстремитети. Нејзините стапала позелениле поради болеста.
Лимфедемот предизвикува оток, но и чешање и чувство на топлина под кожата, што најчесто се јавува на рацете и стапалата. Не постои лек, но добрата вест е дека може да се држи под контрола.
Сепак, водителката е фотографирана безброј пати додека оди се потешко, а често се потпира на своите помошници и возачи.
Неодамна се појави вест дека „Шоуто на Венди Вилијамс“ официјално ќе заврши и ќе биде заменето со шоу на нејзината колешка Шери Шеферд (54) оваа есен, пишува TMZ.

Тоа го потврди и ПР водителката која изјави дека е свесна за реалноста и за фактот дека дошол крајот.
Како што пишуваат странските медиуми, Венди неодамна испратила писмо до судот во кое наведува дека банката Велс Фарго не сака да и дозволи пристап до нејзините сметки, а сега останала без работа. Наводно за целата ситуација е виновна нејзиниот поранешен финансиски советник, кој во изјавата пред судот изјави дека Венди не е во здрав ум, поради што банката и ги блокирала сметките.
Венди Вилијамс боледува и од Грејвсова болест, која е најчестиот облик на хипертироидизам. Тоа е автоимуно метаболичко нарушување кое настанува поради прекумерна активност на тироидната жлезда или прекумерно лачење на тироидните хормони.
Мутичарот Ентони Едвардс минатата година во емисијата „The Ricky Smiley Morning Show“ откри и дека водителката целосно ја изгубила циркулацијата во нозете и дека моментално се движи исклучиво со инвалидска количка.
Дополнително, Едвардс додаде дека Венди е во рана фаза на деменција и дека челниците на Лајонсгејт даваат се од себе за да ја спречат да „влезе“ во нова депресивна епизода и повторно да почне да се опива.
Венди минатата година беше на рехабилитација, а на обожавателите им призна дури кога го започна разводот. За време на нејзината кариера, многу соработници беа загрижени за нејзината зависност од алкохол.